За поврзаноста меѓу анксиозноста и креативноста
Една од најдискутираните психолошки појави на денешницата е анксиозноста која навистина може да претставува тешка и мачна состојба, ако човек интензивно и секојдневно се соочува со неа. Од друга страна пак, во 21-ви век се случува вистинска експанзија на креативни умови, како и на мотивациони пораки кои го промовираат правилото да се биде “број 1“ и да се одбегне просечноста. Па, верувале или не, постои огромна поврзаност помеѓу овие две појави, иако се разбира дека не мора да биде правило. Состојбата на анксиозност може да се појави поради многу други причини, а и креативноста не мора да значи дека е секогаш пропратена со неа. Како и да е, вистински креативната личност не сака да ги следи правилата на било какво изразување. На пример можеби постојат одредени правила за тоа како да се направи филм или како да се напише книга, но таа не ги следи. Впрочем креативната личност секогаш го бира “погрешниот“ пат, односно оној пат кој сеуште не е откриен од никого, па затоа и отпрвин се смета за погрешен, бидејќи отстапува од “исправното“. Таа има вистинска сила и моќ да ја спознае својата вистина, како и своето место во светот и тоа ја прави да биде неспоредлива со […]