• СЕМЕЈСТВО
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЉУБОВ И СЕКС
  • ПОЈАВИ И СОСТОЈБИ
  • ЛИЧЕН РАЗВОЈ
  • ЗАНИМЛИВОСТИ
  • ИНСПИРАЦИЈА
  • ПСИХОТЕРАПИСКИ ПРИКАЗНИ
Применета Психологија - Применета Психологија -
  • Home
  • ЗАНИМЛИВОСТИ
10 карактеристики на креативните личности според Михали Чикзентмихаљи
01/02/2018

10 карактеристики на креативните личности според Михали Чикзентмихаљи

ЗАНИМЛИВОСТИ

  1. Креативните луѓе во себе носат големо количество на енергија. Можат да работат долги часови со голема концентрација, додека се чувствуваат свежи и ентузијастични. Ова кај нив сугерира супериорна физичка надареност и генетско предимство. Сепак е изненадувачки колку од креативните индивидуалци кои се во нивните седумдесетти и осумдесетти години и кои се со завидно здравје и енергија, се сеќаваат на детството кога биле често болежливи. Се чини дека нивната енергија која е внатрешно генерирана е многу повеќе предиспонирана од нивниот фокусиран ум, отколку од супериорноста на нивните гени. Ова не значи дека креативните луѓе се хиперактивни и секогаш подготвени за акција. Тие всушност се одмораат често. Посебно е важно тоа дека тие ја контролираат својата енергија; таа не е регулирана календарски, или со некаков распоред, но кога е потребно тие можат да се фокусираат како “ласерски зрак“, а кога не е, креативните луѓе веднаш ги наполнуваат своите батерии. Ова не е био-ритам наследен во нивните гени, туку е научен преку обиди и грешки како стратегија за исполнување на нивните цели. Манифестација на креативната енергија е и сексуалноста, па креативните луѓе се парадоксални  во овој аспект исто така. Тие изгледаат како да имаат силна доза на ерос, или генерализирана либидонална […]

0
Continue Reading
20 совети од еден од најдобрите психолози во светот
12/24/2016

20 совети од еден од најдобрите психолози во светот

ЗАНИМЛИВОСТИ

Следните 20 совети од д-р. Михаил Литвака, психотерапевт и психолог кој го разви системот „Психолошки аикидо“, ќе ви помогне во решавањето на многу животни ситуации… 1. Доколку човекот не може да каже ништо добро за себе, а сака нешто да каже, тој започнува да говори лошо за другите. 2. Гризај ја науката, а не грлото на својот ближен, ако навистина сакаш нешто да загризаш. 3. Депресивната состојба му е дадена на човекот за да размислува за себе. 4. Никој никого не отфрла, само некој оди напред. Оној кој застанал, се смета за отфрлен. 5. Ако добро мислите за себе, зошто е потребно уште некој добро да мисли за вас. 6. Работи што сакаш и не прашувај за дозвола. Нема да ја добиеш. 7. Способноста да се сака и добро да се поднесува самотијата е показател за духовната зрелост. Всушност најдобро работиме кога сме осамени. 8. Незрела личност често знае, но не умее. Зрелата не само што знае туку и умее. Затоа, незрелата личност критикува, а зрелата делува. 9. Јас не го знам патот до успехот. Но, го знам до неуспехот – тоа е желбата да им се допаднеме на сите. 10. Нема машка или женска логика, постои способност или неспособност мудро да […]

0
Continue Reading
Кога психотерапијата нема ефект?
04/05/2016

Кога психотерапијата нема ефект?

ЗАНИМЛИВОСТИ

  Психотерапијата е процес.  Долг процес.  За неа не постои одредена шема, ниту пак предвидено време во кое може да трае.  Овде се работи феноменолошки. Зошто психотерапијата се нарекува процес? Кога човекот решава да се стави себе во улога на клиент, тој донесува одлука за промена во својот живот. Токму таа промена е процес и тоа не е лесен процес. Замислете си некоја штетна навика која ја повторувате дваесет години, сега треба да ја смените. Не може да се промени ниту за еден час разговор, ниту за три часа разговор, ниту за пет часа разговор со психотерапевт. За да се постигне промена е потребно време.  Како што се потребни неколку години за да се заврши факултет, да се развие бизнис, или да се изгради добро тело, исто е и со психотерапијата. Верувале или не, едукациите за психотерапија траат исто така четири до пет години, покрај основните универзитетски студии по психологија. Оние кои одлучиле да станат психотерапевти и да работат со клиенти, поминуваат низ процесот на психотерапија и го искусуваат на себе. Четири до пет години психотерапевтите се клиенти и оние истрајните со сигурност знаат дека процесот има ефект. Но кога психотерапијата нема ефект? Психотерапијата може да нема ефект, најчесто поради […]

0
Continue Reading
7 добри книги за оние кои сакаат да истражуваат подлабоко во човековата свест
03/15/2016

7 добри книги за оние кои сакаат да истражуваат подлабоко во човековата свест

ЗАНИМЛИВОСТИ

  Во продолжение ви претставуваме неколку интересни книги кои сигурно ќе го задржат вашето внимание доколку сте од оние кои обожаваат да истражуваат подлабоко во човековата свест. Уживајте. „Психолошки типови“-Карл Густав Јунг Карл Густав Јунг е следбеник на Фројд и неговите дела се меѓу најзначајните во психологијата како наука. Во книгата „Психолошки типови“ Јунг ја обработува темата за екстровертните и интровертните типови на луѓе. „Која игра ја играш?“– Ерик Берн Авторот на книгата ги претставува некои од социјалните улоги кои човекот секојдневно ги игра на несвесно ниво во односите со другите луѓе. „Патот по кој поретко се оди“-Скот Пек Книга која зборува за доблеста на дисциплината, љубовта, како и за храброста на луѓето кои се подложуваат на процесот на психотерапија. Авторот детално опишува случаи на свои пациенти. „Понатаму по патот по кој поретко се оди“-Скот Пек Оваа книга е продолжение на претходната. Овде авторот ги прикажува четирите нивоа на духовен развој кај човекот и ја потенцира важноста за духовен напредок во дваесет и првиот век. Според Скот Пек духовниот развој во голема мера е потценет од современите психијатри и психолози. „Невроза и личен развој“-Карен Хорнај Совршена книга која темелно ја прикажува борбата и конфликтот меѓу автентичните потреби на личноста и […]

0
Continue Reading
Што кажува роршаховиот тест за вашата личност?
02/16/2016

Што кажува роршаховиот тест за вашата личност?

ЗАНИМЛИВОСТИ

Роршаховиот тест е една од постарите проективни техники во психологијата која служи за проценка на личноста. Истата го добила името по Херман Роршах, нејзиниот творец. Се состои од десет карти и секоја од нив има свое значење. Во поставеното slide-show може да ги видите картите. Притоа, земете еден лист хартија и запишете што гледате на секоја слика. Толкувањето за секој знак што ќе го видите се наоѓа подолу под slide-show то. [unitegallery rorsah] Напомена: Вистинското толкување на роршах-картите е сложено и бара соодветна обука. Овде толкувањата се површни и одговараат на моменталното расположение на личноста. Карта број 1: лилјак-популарен одговор, кој е типичен за здрава личност и нема особено значење слонови-популарен одговор маска-особата чувствува несигурност во интерперсонална комуникација и чувство дека некој ја озборува пар очи-изразена внимателност птица-потреба од емотивно созревање за партнерска врска големо и силно суштество-постоечка слабост и  несигурност Карта број 2: две мечки или двајца луѓе-популарен одговор стапала,шаки-ограничување во донесување на одлуки вулкан,лава-потисната агресија планина,кањон,природа-лично незадоволство карпа-емоционално студенило капа-интровертност, повлеченост,педантност мост,патишта,зграда-чувство на осаменост проектил-потисната агресија Карта број 3: музички инструмент-добро расположение скелет-страв од болест песочен часовник-способност за прилагодување, добро развиено его риба,рак-емоционална амбиваленција кон родителот од ист пол и недостаток од желба за осамостојување колевка или било […]

0
Continue Reading

Facebook

Последни објави

10 карактеристики на креативните личности според Михали Чикзентмихаљи
10 карактеристики на креативните личности според Михали Чикзентмихаљи
01/02/2018
Зошто луѓето не ја сакаат вистината?
Зошто луѓето не ја сакаат вистината?
10/02/2017
За поврзаноста меѓу анксиозноста и креативноста
За поврзаноста меѓу анксиозноста и креативноста
09/04/2017
Прочитај повеќе:

Категории

  • ЉУБОВ И СЕКС (6)
  • ЗАНИМЛИВОСТИ (5)
  • ЗДРАВЈЕ (1)
  • ИНСПИРАЦИЈА (3)
  • ЛИЧЕН РАЗВОЈ (7)
  • ПОЈАВИ И СОСТОЈБИ (13)
  • ПСИХОТЕРАПИСКИ ПРИКАЗНИ (1)
  • СЕМЕЈСТВО (3)

Следете не:

Бидете во контакт со сите новости на:

Meta

  • Log in
  • Entries RSS
  • Comments RSS
  • WordPress.org

Ул. Невена Ѓеоргиева-Дуња бр. 13/11 Скопје, 1000 Тел: 075/310-781

Корисни линкови

  • ПСИХОТЕРАПИСКИ ПРИКАЗНИ
  • web-site

Следете не:

Бидете во контакт со сите новости на:

© 2016 - HearthStone. All Rights Reserved. Designed & Developed by G5Theme